Саво Милошевиќ ќе биде новиот тренер на Партизан

фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Српскиот вицешампион Партизан неполни 24 часа по отказот што му го врачи на Илија Столица, го назначи Саво Милошевиќ за нов тренер на екипата.

Ова значи враќање на Милошевиќ на клупата на Партизан, бидејќи претходно ја водеше екипата од 2019 до 2020 година. Милошевиќ на 67 натпревари како тренер на „црно-белите“ имаше учинок од 43 победи, 9 нерешени натпревари и 15 порази, а триумфира во Купот на Србија во 2019 година.

Во сезоната 2019/2020. Партизан ги елиминира Малатија и Молде и се пласираше во групната фаза од Лигата на Европа.

Илија Столица доби отказ порази слабите резултати на екипата, Партизан по четири кола во српската Суперлига, освои пет бода и има седум помалку од Црвена звезда која е главен фаворит за титулата. Следниот натпревар за Партизан е дуелот в недела против Младост во Нови Сад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот