Саутгејт го „пецна“ Тен Хаг: Мегвавер треба да игра редовно

фото: EPA-EFE/ARMANDO BABANI

Фудбалската репрезентација на Англија имаше неславен настап во Лигата на нации. По поразот од Италија од 1:0 во Милано и ремито 3:3 со Германија во Лондон, во натпреварите од септемврискиот термин, „Гордиот Албион“ испадна во Б дивизијата на ова натпреварување. Во таа група беше и Унгарија.

Тоа е голем неуспех, но брзо ќе се заборави во случај на добар резултат на претстојното Светско првенство во Катар. Англија на СП 2022 ќе игра во групата „Б“, заедно со селекциите на Велс, Иран и САД.

Во Англија сега ги разгледуваат причините за слабите настапи и што треба да се направи за да се подобрат работите пред почетокот на Мундијалот кој ќе стартува на 20 ноември.

Тема на јавноста повторно беше дефанзивецот Хари Мегваер и неговата улога во екипата, бидејќи овој месец не одигра баш најдобро на двете средби, но во негова одбрана излезе селекторот на Англија, Герет Саутгејт.

Всушност, тој му испрати порака на менаџерот на Манчестер јунајтед Ерик тен Хаг дека на Мегваер му требаат натпревари за да се врати во форма.

– Знам дека сите сега кажуваат колку тој ми е особено важен, за сите нас. Зошто го ставаме во составот? Затоа што тој е еден од играчите кои ни даваат најголеми шанси за победа. Затоа сите треба да сакаме тој повторно да игра редовно и самоуверено. Ова важи за неколку играчи, но тој е во преден план. Во моментов сето тоа му паѓа тешко – рече Саутгејт.

Мегваер одигра само три цели натпревари за Јунајтед оваа сезона и во сите три беше поразен од Брајтон, Брентфорд и Реал Сосиедад.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот