Саутемптон ни „буди“ убави спомени, но не и за Косово! (ВИДЕО)

twitter.com/SimonPeach

На стадионот „Ст. Мери’с“ во Саутемптон каде што своевремено одигравме историски 2:2 пред 17 години против Англија, но сега немаше изненадување иако вечерва беа реализирани дури осум голови.

Уште во првата минута изненадувачки поведе Косово преку Бериша, но брзо се врати „Гордиот албион“ и постигна дури пет голови во првото полувреме.

Најпрвин израмни Стерлинг во осмата минута, па за 2:1 се погрижи Кејн, а непосредно пред паузата двапати во листата на стрелците се запиша Санчо.

Во вториот дел за период од пет минути фудбалерите на Косово постигнаа уште два гола преку Бериша и Муриќи од пенал.

Интересно ова е само прв пораз на Косово во овие квалификации после пет одиграни натпревари, моментно на табелата во групата А води Англија со 12 бодови, пред Чешка со девет, Косово (осум), по два имаат Црна Гора и Бугарија.

Да додадеме уште дека ѕвездата на Јувентус, Кристијано Роналдо постигна четири голови во гостинската „петарда“ на Португалија против Литванија во Вилнус.

Квалификации ЕП 2020, резултати:

Албанија-Исланд 4:2
Англија-Косово 5:3
Франција-Андора 3:0
Литванија-Португалија 1:5
Луксембург-Србија 1:3
Молдавија-Турција 0:4
Црна Гора-Чешка 0:3

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот