Саудиските сили го уапсија лидерот на јеменскиот огранок на Исламската држава

Напад на Исламска држава во главниот град на Уганда/ Фото: МИА

Специјалните саудиски сили го уапсија лидерот на јеменскиот огранок од екстремистичката организација Исламска држава, Абу Осаму ал-Мухаџер, соопшти денеска воената коалиција под водство на Саудиска Арабија во Јемен.

Осама ал-Мухаџер и уште некои членови на организацијата биле заробени на 3 јуни во рација на саудиските и јеменските сили во една куќа, се наведува во соопштението на коалицијата кое го пренесе саудиската државна новинска агенција СПА.

Оружје, муниција и телекомуникациски уреди биле исто така запленети за време на 10-минутната операција, се додава во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот