Саудиските принцови не запираат со Њукасл, сега се намерачија на Олимпик Марсеј

Доколку се остварат пишувањата на медиумите, ПСЖ нема да биде фаворит за титулата во француската Лига 1.

Саудискиот принц Ал-Валид бин Талал е одлучен во намерата да го купи поранешниот европски шампион, Олимпик Марсеј, пишуваат француските медиуми.

Ал-Валид бин Талал

Иако претседателот на Олимпик, Жак Анри Ежро ги демантира гласините за продажба на клубот, медиумите од свои извори тврдат дека веќе се започнати преговори помеѓу двете страни.

Според медиумите, преговорите се во почетна фаза, и се споменува сума од 250 милиони евра, но има уште еден услов, новиот сопственик мора да го купи и стадионот „Велодром“ кој е со сопственост на градот, а тоа би чинело дополнителни 200-250 милиони евра.

Олимпик Марсеј до пред неколку години се наоѓаше во финансиски проблем, но клубот успеа да излезе од кризата благодарение на новиот сопственик Френк Меккорт кој сега планира да го продаде клубот.

Саудискиот принц Ал-Валид бин Талал за разлика од актуелниот сопственик е подготвен да инвестира сериозна сума на пари и од Олимпик Марсеј да направи европски гигант кој ќе ја урне доминацијата на ПСЖ во француската Лига 1.

Ал-Валид бин Талал е дел од кралското семејство на Саудиска Арабија каде главниот збор го има Мохамед бин Салман, кој неодамна го купи Њукасл.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот