Саудискиот воен бенд се посрамоти при свирење на руската химна, погледнете ја реакцијата на Путин (ВИДЕО)

Фото: Принтскрин

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска беше пречекан во Ријад во рамките на официјалната посета на Саудиска Арабија, а кралот Салман бин Абделазиз, како подарок од рускиот претседател доби сокол од Камчатка.

Меѓутоа, на социјалните мрежи стана вистински хит начинот на кој саудискиот воен оркестар ја интерпретираше руската химна.

На една од снимките, било пуштено како химната треба да звучи, а потоа со ознака „Саудиски ремикс“, било пуштено како песната всушност била отсвирена.

Уште при првите тактови станало јасно дека овие две верзии немаат голема поврзаност една со друга.

Ова предизвика многу коментари на социјалните мрежи, меѓу кои можеше да се прочитаат и такви како: „Па, барем се обиделе“, како и „Можеле барем малку да повежбаат“.

Еден од коментарите меѓутоа повикува на тоа да се обрати внимание на реакцијата на Путин.

Иако се гледа како стои мирно и не сака да покаже дека се чувствува непријатно, неговиот израз на лицето беше инспирација за социјалните мрежи да „експлодираат“ од коментари.

„Која е оваа мелодија, ја имам слушнато некаде од порано“, „Се обидоа, но како и Русите, се борат до самиот крај“, гласеа само некои од коментарите во однос на реакцијата на рускиот претседател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот