Саудискиот принц сака да го купи Манчестер јунајтед, а во меѓувреме флертува со Линдзи Лохан

Profimedia

Веќе неколку дена разни извори велат дека 33-годишната американска глумица Линдзи Лохан не престанува да комуницира со принцот од Саудиска Арабија, Бин Салман и дека постои нешто повеќе меѓу нив двајца.

Бин Салман планира да го купи Манчесте јунајтед и наводно неколкупати е одбиен, а сега се подготвува да издвои и повеќе од 6,8 милијарди долари за купување на англискиот клуб.

Во меѓувреме, како што пишуваат американските медиуми, Саламан ја пронашол „жената на својот живот“.

Американски медиуми тврдат дека пред неколку месеци Салман почнал романса со Линдзи Лохан и дека пораките меѓу нив зачестиле. Во Саудиска Арабија демантираат дека станува збор за љубовна врска, но од САД стигнуваат поинакви информации.

Таткото на Линдзи вели дека тие се само пријатели.

„Го запозна поради работа на Блискиот Исток. Таа им помага на луѓето, посебно на бегалците и тоа е една од врските со саудискиот принц. Медиумите сè испревртуваат и прават погрешна слика“, рекол Мајкл Лохан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот