Саудискиот принц не запира, по Њукасл сака да купи и италијански гигант

Мохамед бин Салман сега сака да купи уште еден фудбалски клуб, италијанскиот шампион Интер/фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман предизвика фудбалски земјотрес со купувањето на Њукасл со што англискиот тим го направи најбогат клуб на светот, но се поизвесно е дека нема намера тука да застане.

Италијанските медиуми пишуваат дека Мохамед бин Салман сега сака да го купи и шампионот во Серија А, Интер.

Наводно, принцот веќе подолго време и заинтересиран да го купи Интер од кинеската компанија Сунинг која има финансиски проблеми поради што изминатото лето мораше да ги продаде Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими.

Еден од адутите кој треба да ја забрза продажбата на Интер е познанството на Мохамед бин Салман со поранешниот италијански премиер Матео Ренци од кого се очекува да лобира во фудбалската федерација на Италија и кај челниците на Серија А да не прават поголеми проблеми околу преземањето на „неразурите“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот