Саудискиот престолонаследник обвинет за испраќање на убијци во Канада

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман е обвинет дека испратил убијци во Канада за да убијат бивши саудиски разузнавач, пренесува Би-Би-Си.

Јабри (61), долгогодишен разузнавач за саудиските власти, побегна од земјата пред три години. Од тогаш, тој живее во Торонто под приватна заштита.

Обидот за атентат пропадна откако канадските гранични полицајци разоткриле група на убијци кога пробале да влезат во земјата на меѓународниот аеродром во Торонто.

Јабри со години беше клучен контакт за британскиот МИ6 и другите западни шпионски агенции во Саудиска Арабија.

Тужбата, поднесена во Вашингтон, го обвинува престолонаследникот Салман дека сакал да го убие за да го замолчи. Јабри вели дека причината е што тој поседува важни информации.

Според судските документи, станува збор за наводна корупција и контролирање на тим на лични платени убијци, познати како одред на Тигарот.

Припадниците на тој одред учествувале во убиството на Кашоги во саудискиот конзулат во Истанбул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот