Саудиската принцеза ослободена по 3 години во притвор без обвинение

Басма бинт Сауд, Фото: Profimedia

Саудиските власти ги ослободија принцезата и нејзината ќерка, кои беа затворени без обвинение речиси три години, соопшти во саботата група за човекови права, јави Би-Би-Си.

Басма бинт Сауд (57), членка на кралското семејство која долго време се сметаше за застапник за правата на жените и уставната монархија, е во притвор од март 2019 година, а во април 2020 година ги молеше кралот Салман и престолонаследникот Мухамед бин Салман да ја ослободат од здравствени причини.

Принцезата „и нејзината ќерка Сухуд Су се ослободени“, објави ALQST на Твитер.

„Нејзе и беше одбиена медицинската нега што и требаше поради нејзината животозагрозувачка состојба“, додаде групата за човекови права. „Против неа во ниту еден момент не е покренато обвинение за време на нејзиниот притвор.

Принцезата Басма беше уапсена непосредно пред планираното патување во Швајцарија на лекување, откри извор близок до семејството.

Природата на нејзината болест никогаш не е откриена.

Принцезата Басма беше задржана во затворот Ал-Хаир, каде што има многу други политички затвореници.

Во писменото сведочење до Обединетите нации во 2020 година, пренесено од АФП, нејзиното семејство рече дека нејзиното притворање веројатно во голема мера е резултат на нејзината улога како „отворен критичар на злоупотребата“.

Таа се сметаше и за сојузник на Мухамед бин Најџеф, се додава во писменото сведоштво.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот