Саудиска Арабија: Уапсени тројца членови на кралското семејство, обвинети за државен удар

Уапсени се синот, братот и внукот на кралот.

Во Саудиска Арабија уапсени се тројца членови на кралското семејство – помладиот брат на кралот Салман, принцот Ахмед бин Абдулазиз, внукот на кралот Мухамед бин Најеф и неговиот син, принцот Науаф бин Најеф.

Тие се уапсени вчера под обвинение за наводен обид за државен удар.

Мухамед бин Најеф беше министер за внатрешни работи до 2017 година кога е уапсен и е ставен во куќен притвор, додека принцот Ахмед бин Абдулазиз, е еден од последните синови на основачот на државата, крал Абдулазиз.

Престолонаследникот Мухамед бин Салман, син на кралот Салман, во државниот удар во 2017 година го собори својот роднина Мухамед бин Најеф, а подоцна уапси неколку членови на кралското семејство во антикорупциската кампања.

Уапсениот принц Ахмед е познат по тоа што ги критикува саудиските власти додека е во странство и како еден од тројцата членови на Советот, кој беше против пренесувањето на власта на принцот Мухамед во 2017 година.

Тој и Мухамед бин Најеф се уапсени во своите домови и се обвинети за предавство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот