Саудиска Арабија со најголема акција за пошумување: Ќе засади десет милијарди дрвја

Саудиска Арабија планира да засади десет милијарди дрвја како дел од амбициозната кампања што ја почна принцот Мохамед Бин Салман.

Пустинското кралство соопшти дека овој потег е во согласност со намалувањето на емисиите на штетни гасови, борбата против загадувањето и оштетувањето на почвата, кои се закануваат во следните децении.

Бин Салман рече дека државата планира да ги намали емисиите на јаглерод диоксид со тоа што до 2030 година 50 проценти од енергија ќе ја добива од обновливи извори, јави весникот „Сан”.

Ријад исто така сака да соработува со други арапски земји на Блискиот исток и да засади дополнителни 40 милијарди дрвја, што според принцот би било најголемата програма за пошумување во светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот