Саудиска Арабија пробува да го поправи својот ИМИЏ – За тоа се спремни да потрошат МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ

Фото: Принтскрин/Саудиска Арабија

Саудиска Арабија има неверојатни плажи, древни историски локалитети и луксузни хотели. Меѓутоа, покрај верниците кои заминуваат во Мека, оваа земја скоро воопшто не ја посетуваат туристи.

Таа има глобална репутација за црна точка за човечките права, конзервативни закони кои ја ограничуваат слободата на жените и регионални тензии, кои неодамна доведоа до напад на нејзините нафтени постројки, па не ја прават Саудиска Арабија привлечна за странските посетители.

Но, арапското кралство сака да го промени тоа. Земјата вложила милијарда долари во подобрување на сликата која за неа ја има меѓународната заедница и пробува да стане популарна туристичка локација.

Од 27 септември посетителите од 49 земји можат да влезат во земјата во рамката на новиот режим за визи. Тоа е дел од долгорочниот план „Визија 2030“, кој има за цел главниот извор на приходи да се премести од нафтата на туризмот, во моментот кога, по голем број на инциденти, меѓународните сојузници почнале да се тргаат од Саудиска Арабија.

Саудиска Арабија е наследна монархија во која политичките партии се забранети. Земјата има смртна казна за тероризам, убиство, силување, вооружен грабеж и криумчарење дрога и бележи една од највисоките стапки на егзекуции во светот.

Обид за рамноправност

Престолонаследникот Мохамад бин Салман ветил „умерена“ и „толерантна“ Саудиска Арабија, при желбата да го подобри имиџот на земјата која се смета за извозник на вахабизам, радикална верзија на исламот од која се инспирирани многубројни џихадисти.

Кралството во меѓувреме ги зголемило економските и социјални реформи дозволувајќи, на пример, на жените да возат автомобили и да патуваат сами, но и понатаму е една од најрестриктивните земји на светот, кога станува збор за правата на жените.

Водечки активистки кои поминале макотрпна борба за укинување на рестрикциите сега се или во затвор или во странство. Тие привлекле внимание на меѓународната сцена, но во Саудиска Арабија принцот и неговите советници и понатаму не сакаат да признаат дека тие го покренаа процесот на промени.

Власта сака да се претстави како тој процес да започнал од врвот. Затоа, принцот за многу граѓани е херој.

На меѓународен план, принцот со тој потег пробал да ја поправи сликата за земја која во последните години беше жртва на две кризи.

Кои се тие две кризи?

Комбинација на два настани во последните години ја поткопа трансатлантската и европската поддршка за Саудиска Арабија.

Првиот настан е катастрофалната војна во Јемен. Коалицијата предводена од Саудијците е одговорна за повеќе од 10.000 воени жртви и извршила „раширено и систематско“ насилство над жителите, тврдат експертите во извештајот на ОН. Акциите на коалицијата се главна причина за најлошата светска хуманитарна криза, каде 85.000 деца умреле од глад во 2015 година. Како растат обвиненијата, оправдување за набавката на оружјето кое секогаш била суштината на односот помеѓу Западот и кралството, станало скоро невозможна задача.

Другата криза се случила пред точно една година. Саудискиот дисидент и новинар Џамал Кашоги бил убиен во саудискиот Генерален конзулат во Истанбул, бидејќи за една американска агенција пишувал критички инсајдерски колумни за својата земја. Непосредните сторители се познати на претставниците на Саудиска Арабија и нејзините тајни служби, а ЦИА и ОН се сложиле дека нарачателот бил лично принцот бин Салман.

Сон за туристи

Ако ја тргнеме на страна бруталноста направена во името на власта, која моментално стои помеѓу Саудиска Арабија и нејзиниот сон да стане рај за туристите, земјата има многу да понуди.

Освен Мека, која годишно ја посетуваат повеќе милиони муслимански верници, тука се и Мадаин Салех, древниот град во регионот Ал-Ула, како и бројни пустински структури стари повеќе илјади години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот