Саудиска Арабија после три месеци прогласи крај на полицискиот час

Фото: EPA-EFE/str

По цели три месеца Саудијците денеска за првпат излегоа од своите домови за да го прослават крајот на полицискиот час, што беше воведен поради епидемијата на коронавирусот, јавија британските медиуми.

Саудиска Арабија строгите карантински мерки ги воведе во март, а тие вклучува 24-часовен полициски час во повеќе градови, при што на граѓаните им беше дозволено да излезат од дома само до продавница по храна или од медицински причини.

Во земјата во овој период има регистрирани повеќе од 157.000 случаи на заразени и 1.267 смртна случаи од Ковид 19,  а постепеното олеснување на ограничувањата, пред се, поврзани со движењето и деловните активности, почна во мај.

Полицискиот час целосно беше укинат вчера.

Границите се уште се затворени за меѓународни патувања, а останува во сила и забраната за аџилак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот