Саудиска Арабија погубила 134 луѓе, од кои 6 деца: Биле РАСПНАТИ и ОБЕЗГЛАВЕНИ
Шокантни детали се откриени на Советот на ОН за човечки права во Женева, во ек на тензиите помеѓу САД и Иран, откако беа нападнати најголемите нафтени постројки во Саудиска Арабија.
Во 2018 година во таа земја биле погубени 149 луѓе, додека 46 се осудени на смртна казна до крајот на годината, пренесува Дејли меил.
Според извештајот Проект за смртна казна, многу од тие 46 лица се веќе убиени, а државата во последните неколку месеци драстично го зголемила бројот на егзекуции.
Уште најмалку 24 лица, вклучувајќи три деца, се во непосредна опасност, наведува организацијата за човечки права.
Според меѓународното право, осудување на лица помлади од 18 години на смртна казна е незаконско.
Британските медиуми пренесуваат како бруталните саудиски методи вклучуваат обезглавување и распнување, при што некои делови на жртвата не се погребуваат, туку остануваат изложени некое време.
Организацијата потсетила на едно од најголемите масовни погубувања, кои Саудиска Арабија ги извела во април оваа година, кога погубила 37 државјани.
Според нивните зборови, Саудиска Арабија ги крши човековите права и прави „илегални и произволни погубувања“.
Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман минатата година зборел за смртната казна во земјата и ветил дека „стапката на погубувања ќе биде смалена во рекорден рок“.