Саудиска Арабија погуби тројца војници заради велепредавство

Саудиска Арабија знаме/ Фото: МИА

Саудиска Арабија соопшти денеска дека погубила тројца војници осудени за „велепредавство“.

Според изјавата од Министерството за одбрана тројцата војници се осудени од судот за „велепредавство“ заради соработување со непријателите на Кралството, пренесува и државната агенција СПА.

Но во изјавата не се објаснува го кого соработувале овие војници.

Саудиска Арабија во моментов е во конфликт со Јемен каде ја предводи воената коалиција која се бори против Хути бунтовниците поддржани од Иран, кои зазедоа поголем дел од земјата во 2014 година.

Извор: Анадолу Агенција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот