Саудиска Арабија: Морска мина на Хутите погоди товарен брод во Црвено Море

Танкер илустрација/ Фото: EPA-EFE/HAFNIA HANDOUT HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Морска мина поставена од јеменските бунтовници Хути денеска погоди товарен брод во Црвено Море, јави саудиската телевизија „Ал Екбарија“. Телевизијата не наведе во чија сопственост е бродот и дали експлодирал.

Саудиска Арабија честа мета на напади на Хутите, поради нејзината вмешаност во јеменскиот конфликт.

На 14 декември во Џеда експлодира танкер со нафта, што пловеше под знамето на Сингапур. Тоа беше четврти напад врз енергетската инфраструктура на Саудиска Арабија во изминатиот месец, што го отвора и прашањето за безбедноста на бродовите во Црвеното Море, клучна транзитна зона за глобална испорака и транспорт на нафта, што може да влијае на глобалните цени на овој енергенс.

Војната во Јемен помеѓу бунтовниците Хути, поддржани од Иран и провладините сили ескалираше во март 2015 година, кога воена коалиција предводена од Саудиска Арабија интервенираше против бунтовниците кои контролираат поголем дел од земјата, вклучително и главниот град Сана. Во судирите убиени се десетици илјади луѓе, приближно четири милиони лица се раселени, а 80 проценти од 29-милионското население е зависно од хуманитарната помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот