Саудиска Арабија ќе дозволи аџилак само за „многу ограничен број” жители

Саудиска Арабија ќе дозволи само „многу ограничен број” луѓе, кои веќе живеат во Кралството, да можат да го извршат традиционалниот аџилак, што почнува кон крајот на јули, јави ДПА.

Како што продолжува пандемијата со Ковид-19 и стапките на инфекција се зголемуваат на глобално ниво, аџилакот годинава ќе се одржи „ со многу ограничен број на лица од сите националности кои живеат само во Саудиска Арабија”, се вели во соопштението на Министерството за Аџилак и Умра.

Германската агенција пренесува дека повеќе од два милиона лица секоја година го изведуваат традиционалниот годишен аџилак во светиот град Мека, вклучувајќи и многумина кои патуваат од странство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот