Саудиска Арабија камшикувањето го заменува со затворска или парична казна

Саудиска Арабија го укинува камшикувањето како вид казна, се вели во документ од највисокиот суд на кралството.

Во одлуката на Генералната комисија на Врховниот суд донесена овој месец, се вели дека казната со камшикување ќе биде заменета со затворска казна или парична казна или комбинација од двете.

Одлуката е продолжение на реформите во сферата на човековите права, воведени под водство на кралот Салман и непосредниот надзор на престолонаследникот Мохамед бин Салман, се вели во документот.

Камшикувањето во Саудиска Арабија се применува како казна за разни кривични дела, вклучувајќи и јавно опивање и вознемирување

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот