Саудиска Арабија го бомбардираше Јемен откако пресретна две балистички ракети насочени кон Ријад

Сана. / Фото: EPA-EFE/YAHYA ARHAB

Воената коалиција предводена од Саудиска Арабија која се бори против бунтовничките групи на Хутите во Јемен денес изврши неколку воздушни напади врз престолнината Сана.

Благодарение на напорите насочени кон смирување на судирот, кои ги поддржаа и Обединетите нации, главниот град на Јемен ретко беше мета на бомбардирања во изминатите месеци.

До воздушните удари дојде поради тоа што Саудиска Арабија пресретнала две балистички ракети, кои по сопствено признание, Хутите во саботата ги истрелале кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија, во близина на границата со Јемен.

Војната во Јемен трае од 2015 година, судир кој предизвика една од најголемите хуманитарни кризи во поновата историја. Поради судирот, во еден момент 80 отсто од популацијата на оваа арапска земја беше на раб на глад.

Од една страна се наоѓаат силите на Мансур Хади, кој го поддржуваат Саудијците и Обединетите Арапски Емирати, додека на другата страна се Хутите, следбениците на Абдул Малик ал-Хути.

Видео на денот