Саудиска Арабија ѝ става крај на поделбата на рестораните врз основа на пол

Рестораните во Саудиска Арабија веќе нема да бидат приморани да имаат одделени сектори за мажите и жените како што беше до сега, одлучи саудиската влада.

Порано, рестораните требаше да имаат два посебни влеза, еден за семејства и жени, додека другиот, само за мажи. Ова правило и така не се почитуваше во последно време во многу ресторани.

Во Саудиска Арабија направени се неколку реформи поради критиките и незадоволствата. Во текот на оваа година, кралската влада им дозволи на саудиските жени да патуваат сами без одобрение од машки старатели, додека минатата година жените добија право да имаат возачка дозвола.

Како и да е, активистите велат дека многу дискриминирачки закони кон жените се се уште на сила, додека владата има уапсено неколку жени активисти кои се борат за правата на жените, во време кога се прават реформите.

Од доаѓањето на власт на принцот Мохамед бин Салман, владата има донесено одлука за отворање на општеството, кое е многу конзерваторно, пишува “BBC”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот