Саудијци му нудат неверојатни 250 милиони евра на Роналдо

Кристијано Роналдо ќе биде со соиграчите на Јунајтед на подготовките во Осло, Норвешка/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Кристијано Роналдо доби неверојатна понуда, тешка дури 250 милиони евра од Саудиска Арабија.

Португалските медиуми пишуваат дека Роналдо добил понуда од неименуван клуб од Саудиска Арабија кои на фудбалерот на Манчестер јунајтед му нуди неверојатни 125 милиони евра по сезона.

Доколку се согласи да ја напушти Европа, Роналдо ќе стане најдоброплатен фудбалер во историјата.

Целата операција би чинела дури 300 милиони евра бидејќи тимот од Саудиска Арабија нуди 30 милиони евра отштета на Манчестер јунатед, а уште 20 милиони провизија за менаџерите на Роналдо.

Кристијано Роналдо по завршување на сезоната им порача на челниците на Јунајтед дека сака да си оди, згора на тоа не се појави на почетокот на подготовките на екипата поради „семејни проблеми“ и доби дозвола да ја прескокне турнејата на клубот на Тајланд.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот