Сасоли: Оваа блокада за Северна Македонија е само еден мал застој, процесот на преговори треба да почне

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Претседателот на ЕП, Давид Сасоли денеска има свое обраќање на македонската јавност од Собранието.

Сасоли порача дека недавањето датум за преговори за Македонија е само еден застој, не историска грешка.

– Голема чест за мене е што сум тука. За време на мојата прва посета на земја надвор од ЕУ јас сум тука да ви кажам дека вашата горчина ја споделуваме, бидејќи сме убедени дека имаме заедничка иднина. Таа иднина е ЕУ – изјави Сасоли.

Тој додаде и дека на работите треба да се гледа со оптимизам, бидејќи станува збор за мала блокада кога се работи за отворање на пристапни преговори за членство на Македонија во Унијата.

– Ние имаме некои тешкотии што треба да ги надминеме, но треба да ги гледаме со малку оптимизам, кој ќе ни овозможни да ја завршиме оваа фаза. Оваа блокада е само еден мал застој и околу Северна Македонија постои големо внимание. Овој процес на преговорите треба да започне –  порача Сасоли.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот