Сасоли: Немаше „не” за датум, туку одлагање на одлуката

Фото: Слободен печат/ Арбнора Мемети

За време на последниот Совет на ЕУ имаше приговори што доаѓаа од три влади на земји-членки на ЕУ и овие предлози не доведоа до заклучување на одлуката. Во суштина немаше „Не” за датум, немаше негирање на прашањето за започнување преговори, но имаше еден вид условување, дека нешто повеќе треба да се стори. Во овој момен тие влади се во фаза на предомислување, односно ги разгледуваат одлуките што ги донеле, но морам да нагласам дека не слушнавме едно изрично „не”.

Ова беше пораката на претседателот на Европскиот Парламент Давид Сасоли на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.

– Ние сме убедени дека овој процес може и да запре, тоа е нашиот страв, и верувам дека некои нивни причини што беа изложени треба да се разгледаат, исто така верувам дека тие приговори на трите членки може да бидат надминати- рече Сасоли и повтори оти имало само одлагање на одлуката, а не нејзино одбивање.

Оцени оти тоа што тие земји не ги надминале приговорите до Советот на ЕУ, не треба да се смета како пораз, туку еден вид на застој во процесот, како што и често се случува во демократските земји.

Претседателот на Европарламентот е дециден дека прашањето за проширувањето ќе биде покренато во мај пред Советот на ЕУ, на Самитот во Загреб.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот