Сасоли: Има опаснот од надворешни структури, а таа опасност треба да ја уништиме

Фото: Арбнора Мемети

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли во моментов одржува прес-конференција во Владата на Македонија, заедно со премиерот Зоран Заев.

Заев на конференцијата прв говореше, при што се заблагодари на претседателот на ЕП, Давид Сасоли

– Денеска во нашата земја на покана на претседателот на Собранието, Талат Џафери му посакавме добредојде на Сасоли. За тоа колку е голема неговата и поддршката за нашата земја кон ЕУ, покажува фактот што ова е првата земја која ја посетува. Оваа посета е одлична прилика да ја изразиме благодарноста до ЕП, со сите европратеници кои гласаа за резолуцијата, со која ги повикаа членките на ЕУ да започнат преговори за ЕУ, откако таквата одлука не беше донесена во октомври годинава, каде ни беше нанасена неправда. Сите имавме оправдани очекувања, сите верувавме дека ќе ги започнеме преговорите со ЕУ и да станеме полноправна членка на ЕУ. Мора да продолжиме со реформите, тие реформи ни се најпотребни заради нас дома, соочени сме со нови предизвици. Ќе докажеме дека нема отстапување од нашите стратешки насоки. Борбата против корупцијата ќе ја победиме, веруваме во вредностите во Европската унија. Ќе развиваме концеп кој ќе ги задовли сите. Мора да се подготвиме за построг надзор. Доколку сакаме безбеден Западен Балкан, имаме перспектива – рече премиерот Заев.

Претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли истакна  дека е многу благодарен на претседателот на Собранието, Талат Џафери,

– Ви благодарам на сите власти и институции за овие средби, благодарен сум на Талат Џафери, да говорам за демократијата, ние се соочиваме не со пропаст, туку со застој, на нашата страна се сите европски институции, затоа што Македонија мора да влезе во ЕУ во брз временски рок. Имаме доверба и верба во оваа одлука. Некои змеји членки ги преиспитуваат своите одлуки. Очекуваме за неколку месеци да се смени одлуката, ќе започенете со другите реформи, да не запирате. Имаме заеднички хоризонт. Сретнав многу млади луѓе тука, видов колку верба има во вашата земја за ЕУ. Ние едноставно имаме големи прашања за решавање, да го дефинираме европскиот простор, понатаму прашањето на сирурност, мора да се соочиме со светските глобални предизвици. ЕУ е збир, сојуз на погодности, но таа е добар мотив да се покажат нашите вредности, затоа му се заблагодарувам на премиерот, кој што рече дека има опаснот од надворешни структури, а таа опасност треба да ја сотреме, со блискост на наштите земји во ЕУ. Имаме заедничка судбина, нашата иднина е составена од исти вредности, што ќе ни помогнат заедно да ја изградиме ЕУ- рече Сасоли.

На прес-конференцијата во Владата присуствуваа и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вицепремиерот Бујар Османи и многу претставници на медиумите.

За попладнево се најавени и средби со претседателот Стево Пендаровски, со собранискиот спикер Талат Џафери, а ќе има средби и со лидерите на парламентарните политички партии, а утре ќе се обрати во Парламентот.

Претседателот на европскиот парламент, Давид Сасоли денеска и утре престојува во прва официјална посета на земјава, што воедно e негова прва официјална посета надвор од Европската унија откако стапи на функцијата летово.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот