Сашо Мијалков е позитивен на коронавирус

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков е позитивен на ковид-19, откако беше тестиран денеска, пренесува А1он.

Тој денеска требаше да присуствува на рочиштето за случајот „Таргет-тврдина“, кое беше преместено за петок, поради неговото отсуство.

Одложено судењето за „Таргет-Тврдина”, Мијалков има симптоми на коронавирус

Сопругата на Мијалков, примабалерината Александра Мијалкова од утринава е познато дека е позитивна на коронавирусот, а се чекаа резултатите на тестот на Сашо Мијалков, кој има висока температура и сува кашлица.

Александра Мијалкова е позитивна на коронавирус

Како што пренесува А1он, Мијалков и неговата сопруга наредните неколку дена ќе ги поминат во изолација.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот