Сашо Кукески од ВМРО-ДПМНЕ, нов претседател на Советот на Гази Баба

Фото: Општина Гази Баба

На денешната редовна седница, Советот на Општина Гази Баба го избра советникот Сашо Кукески од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, за нов претседател на Советот.

Од Општината информираат дека Кукески е жител на населбата Хиподром, магистер по економски науки, оженет и татко на две деца.

По завршување на седницата на Советот, градоначалникот Бобан Стефковски ја одржа првата средба со новиот претседател на Советот.

Кукески е избран за прв човек на Советот, откако на претходната претседателка Дијана Илиевска ѝ престана мандатот советник во Советот на Општина Гази Баба, поради нејзиниот избор за пратеник во Републичкото собрание.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот