Саша Ефтимова: Преку танц ја изразувам внатрешната болка од која сакаме да излеземе

Фотографии: Доријан Миловановиќ

Видеото го постирав затоа што мене лично ми даваше мир, спокојност, светлина и надеж во овие тешки моменти, но сепак драго ми е што на еден начин успеав да ги допрам луѓето во своите домови, вели Ефтимова за Слободен печат.

Балерината и кореографка Саша Ефтимова многу пријатно нè изненади, а и нè допре, со емотивниот балетски перформанс изведен на покрив од зграда за време на велигденските празници. Видеото е снимено од Доријан Миловановиќ.

Hope is seeing light in spite of the darkness that surrounds usVideo by Dorijan Milovanovik

Publiée par Sasha Sagan sur Dimanche 19 avril 2020

Некои музичари, поети, графичари и други уметници, во периодот на коронакризата и домашна изолација ја искажаа поддршката кон седење дома, преку својата дарба. Ти тоа го направи преку балетски перформанс. Го очекуваше ли ваквиот повратен одзив од граѓаните?

-Навистина не очекував ваков одзив, ниту намерата ми беше таа. Видеото го постирав затоа што мене лично ми даваше мир, спокојност, светлина и надеж во овие тешки моменти, но сепак драго ми е што на еден начин успеав да ги допрам луѓето во своите домови.

Кој беше најголемиот предизвик во изведувањето на овој перформанс, потребата, внатрешниот импулс?

– Танцот е движење, а движењето значи живот. Преку танц ја изразувам внатрешната болка, од која сакаме да излеземе. Тоа е нашиот пулс, нашето дишење, експресија во време во кое движењето ни помага спиритуално, емоционало.

Фотографии: Доријан Миловановиќ

Како ти се чувствуваш во домашна изолација, освен во движењето и стеснатоста на просторот, кои ограничувања ти се најмачни?

-Немам проблем со домашната изолација, мене ми е убаво кога сум дома, и без ова што се случува моментално, моето движење секогаш беше работа-дома, но сега со еден исклучок што не можам да одам на работа. Дневната соба ми е работен простор каде што вежбам, така да немам некои ограничувања, а и да имам не сакам да мислам на ограничувања, затоа што тоа само ни го стега обрачот кој моментално го имаме. Треба да гледаме како духовно и спиритуално може да се надградиме.

Може ли да очекуваме дека вакви перформанси ќе видиме, барем уште некој и во иднина додека трае коронакризата?

– Да, во план ми е да направам уште неколку видеа, видеа кои се испирација и кои подоцна би ги инкорпорирала во претстава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот