Саша Богдановиќ секој вторник ќе ги прима граѓаните за да им ги сослуша проблемите

Општина Центар/ Фото: Слободен печат

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ, во вторникот го имаше првиот отворен ден за граѓаните, по што најави дека секој нареден вторник од 12:00 часот, во салата на Советот на Општина Центар, ќе има Отворен ден за граѓаните на општината.

Отворениот ден, Центарци го искористиле да се пожалат од гласната музика од локалите, дивите депонии, имотно-правни односи и узурпација на јавните површини.

Заинтересираните граѓани ќе можат да го пријават своето учество секој работен ден на телефоните: 02/3203-682 и 02/3203-602, лично – на пријавницата во Општина Центар (барака бр.4) и електронски, на [email protected].

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот