Саркози изјави дека не сторил ништо нелегално во претседателската кампања во 2012 година

Фото: EPA-EFE/Christophe Petit Tesson

Поранешниот француски претседател Никола Саркози, за време на судењето за незаконско финансирање на неговата претседателска изборна кампања во 2012 година, изјави дека не сторил ништо нелегално.

Пркосниот Саркози вчера пред судот кажа дека не бил вклучен во логистиката на неговата кампања за вториот претседателски мандат, ниту во начинот на трошење на парите во изборната трка.

-Дали имав намера да направам измама, да направам нешто лошо? Дали бев негрижлив? Невнимателен? Мојот одговор на сето ова е наједноставен – „не “, изјави Саркози пред судот. „Од моментот кога ми кажаа дека работите се во ред, повеќе немав причина да размислувам за тоа”, додаде тој.

Саркози (66) на судиите им кажа дека е одговорен за политичката насока на неговата кампања, но не и за организирањето митинзи, подготовка на материјали за кампања и плаќањето сметки.

Обвинителите тврдат дека Конзервативната партија на Саркози на екстравагантни предизборни митинзи потрошила речиси двојно повеќе од дозволените 22,5 милиони евра со изборниот закон и потоа ангажирале пријателска агенција за односи со јавноста за да ги сокријат трошоците.

Обвинителите во обвинението признаа дека нивната истрага не успеала да докаже дека Саркози бил организиран или дека учествувал во шемата, но тврдат дека имал корист и дека сигурно бил свесен за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот