9 C
Скопје

Саркисјан: Барам начин за мирно решавање на ситуацијата

Ерменскиот претседател Армен Саркисјан денеска вети дека ќе преземе мерки за намалување на тензиите во земјата и рече дека бара начини за мирно решавање на ситуацијата.

Тој ги повика сите политички сили и власти да постапуваат строго во рамките на Уставот, пренесе ТАСС.

– Секој несовесен збор или постапка само ја интензивира напнатоста и ја влошува кризата, посочи Саркисјан.

– Потврдувајќи ја улогата на институцијата Претседател како балансирачка структура, преземам итни чекори за намалување на тензиите и барам начини за мирно решавање на ситуацијата, изјави претседателот на Ерменија во изјавата објавена од неговата прес-служба.

Претходно денеска ерменскиот премиер Никол Пашинијан ги повика сите политички сили да престанат со сите активности на непослушност.

Прочитајте и...  Поднесено обвинение за тешка кражба во Скопје

Тој се закани со апсења за несоодветни активности.

Претходно, Генералштабот на вооружените сили на Ерменија побара оставка од Пашинјан.

Тој тоа го нарече обид за воен удар, го смени началникот на Генералштабот и го повика народот на митинг.

Поврзани вести

ВИДЕО | Најголем дел од апликантите на повикот на ФИТР се компании кои првпат конкурираат, разговор со Тања Илијевска

Слободен печат

Прва жена шеф на најстарата светска агенција: Галони нова главна и одговорна уредничка на Ројтерс

Слободен печат

Славчо најавува облачно време со дожд и грмежи

Слободен печат

„Слободен печат“ неколку дена по ред е цел на континуирани и добро организирани напади

Слободен печат

ЕУ до крајот на 2021 година добива 200 милиони вакцини „Џонсон & Џонсон”, за кои не е потребна втора доза

Слободен печат

Лансет: Британската варијанта на коронавирус не предизвикува потешки форми на ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар