Сари: За две години ќе ги стигнеме Ливерпул и Сити – Слободен печат
СпортФудбал

Сари: За две години ќе ги стигнеме Ливерпул и Сити

Менаџерот на Челси, Маурицио Сари се надева дека и во наредната сезона ќе го предводи лондонскиот тим и ќе добие можност да ја заврши работата која ја започна.

Маурицио Сари на почетокот од сезоната пристигна со големи амбиции во Челси, напаѓачкиот фудбал што го практикуваше во Наполи да го имплементира и во лондонскиот клуб. Но во последно време, Челси се наоѓа во криза, во последните осум натпревари, победи на само три, со што се зголеми притисокот врз Сари.

– Сигурен сум дека за две сезони ќе ги стигнеме Манчестер сити и Ливерпул, но не сум сигурен дали во тој период ќе бидеме подобри од нив – изјави Сари.

Екипата на Челси моментно се наоѓа на четвртата позиција на табелата со 67 бодови, еден повеќе од Арсенал и три од Манчестер јунајтед со кого денеска игра на „Олд трафорд“. Токму денешниот дуел може да се покаже како одлучувачки за Челси, доколку останат непоразени, имаат големи шанси да го освојат четвртото место и следната сезона да играат во ЛШ.

– Премиер лигата е одлична и би сакал да останам подолг период тука. Сакам да останам во Челси бидејќи интензитетот на игра е неверојатно висок, атмосферата на стадионите е фантастична. Кога дојдов во Наполи, во првата сезона заостанувавме 24 бодови зад Јувентус и секоја година постојано ја намалувме разликата, дојдовме до девет бодови, па до шест и во третата сезона само на четири бодови заостаток.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close