Сари во дилема: Арсенал или Тотенхем

epa08238643 Juventus' coach Maurizio Sarri during the Italian Serie A soccer match S.P.A.L vs Juventus FC at Paolo Mazza stadium in Ferrara, Italy, 22 February 2020. EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Поранешниот тренер на Челси, Маурицио Сари може да се врати во Премиер лигата и тоа повторно да води екипа од Лондон.

Откако му пропадна можноста да седне на клупата на Рома, Маурицио Сари, едвај чека да се врати на тренерската работа и поради тоа започна преговори со два премиерлигаши, Тотенхем и Арсенал, јавуваат италијанските медиуми.
Прв кој разговараше со агентот на Сари е Тотенхем и тоа откако му беше врачен отказ на Жозе Мурињо.  Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, го постави Рајан Мерсон за привремен менаџер на екипата до крајот на сезоната, но за следната сака на клупата да седи токму Сари.
Но, сега во трката за Сари се вклучи и Арсенал чие раководство сè уште размислува дали да го остави Микел Артета на клупата и наредната сезона.  Тоа ќе зависи дали Арсенал ќе обезбеди пласман во финалето на Лигата на Европа, а воедно и дали и следната сезона ќе игра во европските купови.

Ова значи дека Сари сигурно се враќа во Премиер лигата каде работеше само една сезона, 2018/19 и триумфира во Лигата на Европа, по што се врати во Серија А и потпиша договор со Јувентус. Во единствената сезона на клупата на „старата дама“, Сари ја освои титулата во Серија А, но елиминацијата во осминафиналето во Лигата на шампионите од Олимпик Лион му пресуди и доби отказ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот