Сари се враќа во Италија

Маурицио Сари за прв пат во својата кариера тренира екипа надвор од Италија, и работите не одат според  планираното. Италијанецот не се снајде најдобро во Челси, екипата се бори за четвртата позиција на табелата која носи во ЛШ, тој постојано е мета на критики од англиската јавност и од навивачите. Токму поради тоа, италијанскиот весник „Кориере дело спорт“ пишува дека Сари планира на лето да ја напушти Англија.

Иако договорот му истекува 2021 година, Сари, доколку не добие отказ на крајот од сезоната, тогаш тој ќе го раскине договорот и ќе се врати во татковината, каде две екипи пројавуваат голем интерес за негов ангажман, Рома и Милан.

Екипата на Рома минатиот месец го отпушти Еузебио ди Франческо, и го донесе Клаудио Раниери како привремено решение. Во Милан, Џенаро Гатузо се наоѓа пред отказ поради слабите резултати и според „Кориере дело спорт“, двете екипи го гледаат Сари како идеално решение за тренерската позиција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот