Сари разочаран: Фудбалерите не ги разбираат основите на играта, се прават спротивно

твитер

Тренерот на Јувентус вели дека главна причина за поразот на неговиот тим од Олимпик Лион е спорото движење на топката.

Италијанскиот шампион загуби со 1:0 на гостувањето кај Олимпик Лион во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите.

– Тешко е да се објасни зашто загубивме, но во првото полувреме премногу споро ја пренесувавме топката. Природно е што противникот успеа тоа да го искористи, не притисна и постигна гол. Ни недостасуваше одлучност и агресивност за време на нападот, но и среќа, бидејќи примивме гол во моментите кога на Де Лихт му се укажуваше помош – изјави Сари.

Францускиот тим до победата дојде благодарение на голот на Тусар во 31. минута, а Јувентус во продолжение од натпреварот беше малку поконкретен но не успеа да постигне гол. Притоа фудбалерите на „старата дама“ упатија само еден шут во рамките на голот.

– Не знам зашто не можам да ги натерам фудбалерите за да ја разберат важноста на брзото предавање на топката. Тоа е основно. Ќе продолжиме да работите на тоа и сега или подоцна тоа ќе им влезе во главите. На тренингот пред натпреварот имавме тренинг и топката ја пренесувавме двојно побрзо. Во последно време премноги работи на натпреварите ги правиме спротивно од тоа што го вежбаме на тренинзите – додава Сари.

Реванш натпреварот помеѓу Јувентус и Олимпик Лион ќе се одигра на 17 март во Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот