Сари: По Јувентус одам во пензија

Тренерот на „старата дама“ сериозно размислува да се повлече од фудбалот.

Маурицио Сари најави дека сериозно размислува да замине во пензија откако ќе му заврши договорот со италијанскиот шампион Јувентус.

Сари кој има 61 година, до пред пет години беше тренер на мали итaлијански екипи, но во 2015 година со седнување на клупата на Наполи брзо стана еден од најценетите тренери во Европа. Само пет години одлична работа во Наполи и во Челси, го донесе на клупата на „старата дама“.

– Доколку почувствувам дека повеќе немам енергија и мотивација, тоа ќе биде знак дека треба да се повлечам. По истекувавање на договорот со Јувентус, можеби и ќе заминам во пензија – изјави Сари, кого утревечер го очекува пеколен пречек во Неапол каде Јувентус му гостува на Наполи.

Прочитајте и...  Алушовски: Верувам дека Вардар идната година ќе игра во Лигата на шампионите

Навивачите не можат да му простат на Сари бидејќи седна на клупата на омразениот ривал и сигурно е дека го очекуваат тешки моменти на стадионот “Сан Паоло“.

-Бев во Наполи кога Јувентус го купи Игуаин и сите тие свирежи за фудбалерот не беа фер. За мене ова е посебен натпревар, но нема да трошиме енргија на поединци туку ќе се фокусираме на тоа што е важно за екипата. Ова е многу важен натревар за Јувентус, а тоа што навивачите ќе ме исвиркуваат и навредуваат ќе го сфатам како обид да ми го одвлечат вниманието – додаде Сари.

Прочитај повеќе

Лазаров прв стрелец, Кузмановски подобар во „македонското дерби“ на ЕХФ купот

Слободен печат

Ѓоковиќ: Федерер му е потребен на тенисот

Слободен печат

Бевме на чекор да ја изненадиме Русија, на крајот поразени и во Перм

Слободен печат

Премиер лига: Фернандеш ја најави победата на „црвените ѓаволи“! (ВИДЕО)

Слободен печат

Тошевски за пресврт на „романтичарите“, само бод за Шкендија во Кратово

Слободен печат

Погба сака да си оди Солскјер, Јунајтед веќе „договори“ трансфер?

Слободен печат

Остави Коментар

седум + 10 =

Прочитај повеќе

Смешен момент на натпреварот Македонија ЃП-Академија Пандев! (ВИДЕО)

Слободен печат

Сега Лацио го брка Јуве, Пандев се врати и обезбеди пенал! (ВИДЕО)

Слободен печат

Таеквондо: Трајковски „златен“ во Словенија, Релиќ со бронза од Шведска

Слободен печат

Што треба да направи Милан за да го задржи Ибрахимовиќ?

Слободен печат

Проблеми за Реал: Без Азар против Сити и Барса!? (ФОТО)

Слободен печат

Интервју со Весна Витанова: Мора да се ценат сите аспекти – добриот голман е половина од резултатот!