Сари нема да го води Јувентус

Според „Газета дело спорт” на овие средби шампионот ќе биде предводен од Џовани Мартускело.

Тој му помагаше на Сари кога ја вршеше тренерската функција во Емполи и во Наполи. Сари нема да седи на клупата на „бјанко-нерите” на почетокот на сезоната поради пневмонија.

Во првото коло од Серија А, на 24 август Јувентус ќе игра против Парма на гостински терен.

Претходно во пријателските натпревари како подготовка за новата сезона, „Старата дама“ триумфираше над Триестина (1:0) и Интер на пенали (4:3), ремизираше со ѕвездите од корејската лига (3:3), а загуби од Атлетико Мадрид (1:2) и Тотенхем (2:3).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот