Сари: Го изневерив семејството кога станав тренер на Јуве

Маурицио Сари летово го разочара своето семејство кога одлучи да седне на клупата на италијанскиот гигант Јувентус. Причината за тоа е што неговата мајка е голем фан на Фиорентина, утрешниот ривал на Јувентус во дербито на Серија А.

– Мајка ми воопшто не беше среќна кога го презедов Јувентус. Мојата баба живееше на 500 метри од стадионот „Артемио Франки“, така што сите во семејството навиваат за Фиорентина, освен јас кој отсекогаш го сакав Наполи – вели Сари.

Токму пресметката помеѓу Фиорентина и Јуветус ќе го одбележи третото коло во Серија А.
– Имам бројни сеќавања од овој стадион, но за жал последното е лошо бидејќи тука го загубив Скудетото – изјави Сари.

Маурицио Сари во 2018 година беше на чекор од освојување на титулата во Серија А, но поразот на Наполи од 3:0 на гостувањето кај Фиорентина му овозможи на Јувентус да стане шампион.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот