Сари е загрижен, за своето здравје

Јувентус одигра 1:1 во првиот натпревар од полуфиналето во Купот на Италија против Милан и тоа по контроверзно досудениот пенал за „старата дама“ во 90. минута.

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, кој се наоѓа под голем притисок поради слабите резултати не гледа причина за загртиженост и покрај тоа што неговиот тим одигра слаб натпревар.

– Бевме подобри во однос на натпреварот со Верона кога додавањата и организацијата на играта, но повторно нешто ни недостасуваше. Тоа е процес и продолжуваме да работиме на подобрување на сите аспекти од играта. Примаме голови кои не би смееле да би примиме, а исто беше и против Милан. Сепак, на крајот успеавме да дојдеме до позитивен резултат – изјави Сари.

Сари за кого италијанските медиуми шпекулираат дека деновите му се одбројани во Јувентус, даде интересен одговор на прашањето дали е загрижен за слабите игри во последните неколку недели.
– Загрижен? Не сум загрижен. Единствените мои грижи се поврзани со здравјето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот