Сараево повторно ќе биде организатор за ЗОИ, Барселона сака Игрите во 2030 година да се одржат во четири држави

Сараево повторно може да биде организато на Зимски олимписки игри/ фото: EPA/FEHIM DEMIR

Шпанскиот град подготвува историска организација на најголемиот спортски спектакл во 2030 година.

Неверојатна вест доаѓа од регионот, точно 46 години по Зимските олимписки игри во Сараево, олимпискиот оган повторно може да биде запален во главниот град на БиХ и тоа во 2030 година.

Ова е идеја на Барселона која се смета за еден од главните фаворити да ја добие организацијата на Зимските олимписки игри во 2030 година.

Барселона веќе се договори со Андора и со Франција, дел од натпреварувањата да се одржат во овие две држави, а сега истотп сака да го направи и со Сараево.

Според планот, Барселона ќе биде домаќин на свечените церемонии на отворање и затворање наИгрите, а исто така во шпанскиот град би се одржувале натпреварувања како уметничко и безо лизгање, хокеј на лед и карлинг.

Домаќин на натпреварувањата во алпски дисциплини би бил Солде во Андора, додека Французите би ги организирале натпреварувањата во скијачки скокови, нордиска комбинација, биатлон и нордиско трчање.

Според идејата на Барселона, во Сараево би се одржале натпреварувањата во боб, во санкање и скелетон и тоа на обновената патека од 1984 година.

– Градот Сараецот доби поддршка за заеднички настап со Барселона на Зимските олимписки игри во 2030 година како и за реконструкција на боб патеката – изјави градоначалничката на Сараево, Бенјамина Кариќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот