Сара Ристовска кариерата ја продолжува во Русија

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска е нова ракометарка на новофирмираниот руски тим ЦСКА Москва. Ристовска минатата сезона настапуваше за словенечкиот шампион Крим, но се одлучи за нов предизвик во кариерата.

Македонската репрезентативка ќе биде една од трите интернационалки во ЦСКА Москва, покрај Швеќанката Сабине Јакобсен и голманката пд Бразил, Чана Масон.

ЦСКА Москва во следната сезона ќе настапува само во рускиот шампионат и ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Ростов Дон.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот