Сара Мејс го прослави својот роденден на уникатен начин

instagram

Пејачката Сара Мејс вчера го прослави својот роденден, заедно со сопругот, водителот Димитар Атанасовски и нивната ќерка  Илина.

 

Instagram

 

Воедно на нејзиниот роденден, Сара Мејс настапи на онлајн концерт по повод Светскиот Ден на харфата. Со прекрасната мелодија насловена како „Donka of Macedonia“ инспирирана од познатата песна „Се посврши Сербез Донка“, Сара уште еднаш го докажа својот неповторлив талент.

 

 

Нашата пејачка и харфистка позната по своите несекојдневни музички вештини, постојано создава музика за уживање, како за себе, така и за своите обожаватели. Сара вчера наполни 30 години, на својот Инстаграм профил сподели моменти од приватната мала забава.

 

 

Најдрагото изненадуваше за Сара сепак било од нејзините сакани, кои ѝ подарија роденденска торта, а нејзината ќерка Илина ѝ пееше роденденска песна и ги дувна свеќите наместо неа.

 

Сара се пофали во јавноста дека нејзиниот сопруг отсекогаш бил иновативен со поклоните, па така и овојпат не ја разочарал во очекувањата, тој ѝ подарил торта, а место харфа, на тортата ставил ренде за јајца во замена на музичкиот инструмент.

 

Instagram

 

Само маж ми, Димитар Атанасовски може да биде толку иновативен. Ренде за јајца наместо харфа“, сподели таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот