Сара Феро: Многу е важно да се задржи континуитетот на филмските фестивали (ВИДЕО)

Многу е важно при овие тешки времиња, да се задржи континуитетот кај филмските фестивали, вели во „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“, Сара Феро, организаторка од тимот на МакеДокс.

Секоја година филмскиот фестивал МакеДокс се фокусира на некој дел од процесот на креирање на еден филм а годианва посветата е на дизајнот на звукот.

-Првата објава за ова издание е работилница за звук со Владимир Ракиќ, кој повеќе од 15 години работи на дизајн на звук. Сакаме да им дадеме поддршка на авторите од балканскиот регион погодени потешко од пандемијата, па така преку оваа работилница ќе можат да го усовршат дизајнот на звук, вели Феро.

За ова 11.издание на фестивалот, се уште не се знае новиот тип на патувачкото кино коа беше планирано годинава за септември.

-Новата декада на фестивалот ја започнуваме во некоја друга димензија, во хибридна форма. Работиме онлајн работилница и дел од другите активности како форумот за копродукции ќе се одвива онлајн, а во однос на проекциите под отворено небо се надеваме дека согласно мерките ќе успееме да одржиме физички фестивал, изјави таа, дополнувајќи дека и годинава на програмата ќе се најдат преку 60 филмови од целиот свет.

Многу е важно, вели Сара Феро, за промоција на филмската култура и едукација да се задржи континуитетот на фестивалите и да не се одложуваат, особено при услови на пандемија кога повеќето културни настани се одложуваат или откажуваат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот