Сара Џесика Паркер открива: Пандемијата на коронавирусот дел од новите епизоди на серијата „Сексот и градот“

Instagram
Instagram

Иако деталите за сценариото за новата сезона на серијата „Сексот и градот“ сè уште не се познати, главната актерка Сара Џесика Паркер потврди дека новите епизоди ќе ја прикажат и пандемија на коронавирусот, пишува „Variety“.

Во интервју за „Vanity Fair“ минатата недела, Паркер истакна дека едвај чека да го види комплетното сценарио за новите десет епизоди од серијата.

Profimedia
Profimedia

Сценариото е разновидно, епизодите ќе бидат многу возбудливи. Сценаристите долго време не размислуваа дали да го вклучат појавувањето на коронавирусот во приказната, но дејството на серијата се одвива во Њујорк, каде што пандемијата на коронавирусот беше многу силна , рече актерката.

Profimedia
Profimedia

Да потсетиме, во новите епизоди ќе се појават Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Секоја од нив ќе заработи нешто повеќе од милион долари по епизода, што значи дека ќе заработат повеќе од десет милиони долари за целата нова сезона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот