Сара Џесика Паркер: Ликот на Кери Бредшо од „Сексот и градот“ ме уништи

Instagram
Instagram

Актерката Сара Џесика Паркер (55) не била премногу изненадена кога слушнала дека одреден процент од публиката, и покрај фактот дека серијата „Сексот и градот“ е одамна завршена, ја идентификуваат со ликот на Кери Бредшо.

 

Instagram

Ако има нешто што дефинитивно ја поврзува со тој лик, тоа е нејзината љубов кон модата, која актерката многу успешно од хоби ја претвори во втора работа што ѝ донесе дополнителна слава.

 

Instagram

Сара е сопственик на голем број продавници за чевли ширум Америка и е навистина посветена и постојано ја надгледува работата, така неодамна беше фотографираше пред една од нејзините продавници во Њујорк.

 

Instagram

Во оваа прилика, актерката откри дека постојаното носење на високи потпетици на снимањето на култната серија сериозно го нарушило нејзиното здравје.

 

Instagram

Лекарот ми рече дека моето стапало не функционира како што треба, и дека во тој предел коските ми се поместени. Тоа си го „дозволив“ со години носејќи високи потпетици на снимањето на серијата. Сега ќе морам да ги коригирам грешките со вежби“, изјавила Паркер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот