Сара Џесика Паркер доби тужба од поранешна вработена: Таа е ужасен работодавец!

Profimedia
профимедиа

Поранешната вработена на Сара Џесика Паркер, Хедер Холт, тврди во тужбата која ја поднела кај Врховниот суд во Њујорк дека нејзината поранешна шефица и нејзиниот деловен партнер Џорџ Мелкемус, не ѝ исплатиле прекувремени часови од 31 декември 2018 година, па се до 1 март 2020 година.

„На тужителот не му се адекватно искомпензирани прекувремените часови кои ги има изработено над оние 40 часа во работната недела“, пишува во тужбата каде не е спомнато за колкав паричен износ станува збор.

Profimedia

Хедер Холт од Сара бара дополнителна плата, како и камати и парична казна.

„Сите во Њујорк заслужуваат да бидат платени за времето кое го изработиле. Кршењето на законот за плата е сериозно и секој работодавец кој ќе го прекрши истото треба да биде одговорен, дури и познатите личности како неа“, изјавил адвокатот на Хедер.

Сара, ѕвездата на серијата „Сексот и градот“, во Њујорк има две продавници, како и по една во Лас Вегас, Мериленд, Дубаи, Абу Даби и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот