Сара Анчиќ во шок откако го видела семејството на Фејсбук оглас: Пишуваше дека сите починале од коронавирус (ВИДЕО)

јутјуб

Сара Анчиќ од Калифорнија се шокирала кога во реклама на Фејсбук видела фотографија од своето семејство покрај која пишувало дека сите починале од коронавирус.

Како што пренесува CNN, нивната семејна фотографија е употребена во реклама за продажба на заштитни маски, без нивно знаење и дозвола.

– Ова е болно и ги крши нашите права. Кој може да пишува за семејство кое не го познава дека е починато? – прашува Сара.

Во спорната пропагандна порака пишувало дека семејството било на некој настан со 176 луѓе и покрај предупредувањата на владата, и дека само најмладиот син Џастин успеал да преживее бидејќи само тој носел маска.

Најмладиот син на Сара се вика Рајан, а личноста во рекламата која ја покажале како единствениот преживеан таа не ја познава.

– За момчето кое е претставено дека е наш син, ние не знаеме ништо, не знаеме кој е тој, изјави таа.

Целата приказна погледнете ја во видеото…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот