Сапуницата продолжува: Ванда му го прости неверството на Мауро Икарди?

Ванда Нара и Мауро Икарди/ фото: EPA-EFE/MATTEO BAZZI

По вчерашната целодневна драма околу бракот на Ванда Нара и Мауро Икарди, се чини дека приказната на крајот ќе има среќен крај, барем тоа се навестува на социјалните мрежи.

Во текот на вчерашниот ден, Ванда Нара на својот профил на Инстаграм напиша „Го растури семејството поради една ку*ва“ поради неверството на фудбалерот на ПСЖ. Имено, Ванда открила дека Мауро Икарди имал секс афера со аргентинската актерка Еухениа Суарез.

Но, утринава фудбалерот се огласи на социјалните мрежи со тоа што објави фотографија од него и сопругата, а потоа и од Ванда и нивните деца и притоа и го честита денот на мајката кој во Аргентина се одбележува на 17 октомври.

Притоа Мауро Икарди ја потврди локацијата од каде ги праќа фотографиите, тоа е Милано.
Овој потег на фудбалерот е доволен доказ за медиумите дека Ванда му го прости неверството на сопругот кој сега може да се врати на тренинзите на ПСЖ.

Крај на бракот на Ванда и на Мауро: Го уништи семејството поради ку*ва

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот