Сапуницата продолжува: Барселона очајнички сака да го блокира трансферот на Меси и го тужи ПСЖ

Лео Меси минатото лето си замина од Барселона и се пресели во ПСЖ/ фото: EPA-EFE/ANDREU DALMAU

Лионел Меси денеска на прес-конференција емотивно, со солзи во очите и официјално се прости од Барселона, од соиграчите, од легендите, од управата и од навивачите.

Аргентинецот не можеше да ги сокрие солзите и заплака бидејќи по 21 година си заминува од „Камп Ноу“. Медиумите немаат дилеми, следен клуб на Меси ќе биде ПСЖ, и веќе започнаа да се натпреваруваат кој ќе објави повеќе детали, дека се е договорено, дека вечерва или утре сабајле ќе бидат извршени лекарските прегледи, а во вторник или утре вечер промоцијата на Аргентинецот ќе биде на Ајфеловата кула.

Шпанските медиуми пак ги бараат причините зошто Барселона не можеше да го регистрира новиот договор со Меси во Ла Лига, дека клубот направи се што е во негова моќ да го задржи, но….

Вечерва мадриска „Марка“ објави дека Барселона направи очајнички потег, да го блокира ПСЖ и да го оневозможи да потпише со Меси. „Марка“ тврди дека дошла во посед на доверливи документи кои покажуваат како ПСЖ всушност се наоѓа во далеку полоша финансиска ситуација од Барселона и поради тоа не смееле да кокетираат со Меси.

Финансискиот фер-плеј на ПСЖ е далеку полош од тој на Барселона – изјави Жуан Бранко, кој е член на собранието на Барселона.

Тој тврди дека документите до кои дошла Барселона, но и „Марка“ биле дадени на суд.

– Во сезоната 2019-20 дури 99 проценти од приходите на ПСЖ биле искористени за платите на фудбалерите, додека кај Барселона тој процент изнесуваше 54 проценти – додава Бранко.

Поради тоа, Барселона вложи жалба со надеж дека ќе успее да го запре ПСЖ да потпише со Меси. Доколку се случи тоа, многу малку клубови можат да си го дозволат Аргентинецот, а во преден план се Манчестер сити, Манчестер јунајтед и изненадувачки Јувентус.

Меси се прости од Барселона: Не замислував ваков крај

Меси се прости од Барселона: Не замислував ваков крај

 

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот