Сантош: Роналдо има голем сон, да ја освои титулата на Светското првенство!

Фото: EPA/ANATOLY MALTSEV

Во вторникот селекторот на репрезентацијата на Португалија, Фернандо Сантош ги објави имињата на играчите на кои смета на претстојните први натпревари од квалификациите за Светското првенство, а особено се осврна на Кристијано Роналдо.

Напаѓачот на Јувентус минатиот викенд официјално стана најдобриот стрелец во историјата и го престигна легендарниот Пеле на вечната листа, но и покрај фактот што редовно ги тресе мрежите во дресот на „Старата дама“, сè повеќе се зборува за негово враќање во Реал Мадрид.

– Сигурен сум дека Кристијано е исклучително мотивиран, и не само поради рекордот по бројот на постигнати голови. Кога игра за националниот тим, тој има дополнителен нагон за победа. Доаѓа во такво расположение што заборава на личните цели – рече Сантош и продолжи:

– Кристијано има голем сон, да се пласира на Светското првенство, да игра на него и да го освои.

Првиот натпревар од квалификациите за Мундијалот, Португалците го играат против Азербејџан на 24 март, потоа ќе гостуваат во Србија три дена подоцна, а потоа на 30 март ќе ги одмерат силите со Луксембург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот